Екстерните испити од државната
матура оваа учебна година ќе се реализираат само во писмена форма во следните термини:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски
јазик и литература: 11 јуни 2015 година со почеток во 10 часот;
- англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик: 15 јуни 2015 година со почеток во 10
часот;
- математика: 17 јуни 2015 година
со почеток во 10 часот;
- хемија, физика,
биологија,
историја, бизнис, филозофија и естетика: 19 јуни
2015 година со почеток во 10 часот