Државна матура

Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.

Тестовите по англиски јазик, наведени во листата ТЕСТОВИ ОД ДРЖАВНА МАТУРА, се согласно старата испитна програма. Новиот концепт на тестот е во прилог на новата испитна програма (види ИСПИТНИ ПРОГРАМИ), прилог А.

© 2008 Биро за развој на образование , Сите права се задржани.
спонзорирано од United States Agency for International Development