·
Во средните училишта каде се
реализира државната матура да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови
·
Задолжително
вршење на дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде ќе се врши
полагањето на учениците со дезинфекционо средство кое делува на вируси според
упатство од производителот
·
Сите учесници во реализацијата
на државната матура (тестатори, набљудувачи и членови на Училишните матурски
комисии, редари, хигеничари) задолжително да носат заштитна опрема
на денот на испитите
·
Користење заштититна
опрема (респираторна маска ФФП2 или повисок
стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за
повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана
и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите кандидати
кои ќе полагаат државна матура и сите лица вклучени во реализација на државната
матура во средното училиште
·
Организирање на
просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното
физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри и присуство на
максимум 12 кандидати во една просторија
·
Просториите во кои
се реализира државната матура пред почеток на испитите треба да се проветрени
(влез на свеж воздух во траење од најмалку 30 мин.)
·
Организирање на
редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното
растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред влегувањето и внатре во
училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари за во
училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за
што одлучува директорот на средното училиште
·
Поставување на
ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание
при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето
·
Задолжително носење
документ за лична идентификација и прибор за пишување
·
Поставување средство за дезинфекција пред училиштето и задолжителна
дезинфекција на рацете на сите кандидати и сите инволвирани во реализација на
државната матура пред да влезат во училиштето
·
На крајот на секој
ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на
вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05%
натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)
или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
·
Редовно одржување
на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и
употреба на горенаведените дезинфекциони средства
Заради заштитата на здравјето, се
повикуваат сите кандидати кои ќе полагаат државна матура на доследно почитување
на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
·
Бидете трпеливи,
чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од
лицата околу вас, пред и во училиштето
·
Почитувајте ги
препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден. т.е откако
редарот ќе ви дозволи
·
Задолжително
носете заштитна опрема (маска, марама или шал), во спротивно нема да ви биде
дозволен влез во училиштето