ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИСПИТИТЕ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

News
• Во средните училишта каде се реализира државната матура потребно е да бидат обезбедени санитарно-хигиенски услови.
• Средствата за дезинфекција да се постават пред училиштето и да се врши задолжителна дезинфекција на рацете на сите ученици и сите инволвирани во реализација на државната матура пред да влезат во училиштето.
• При влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете.
• Сите учесници во реализацијата на државната матура (ученици, тестатори, набљудувачи и членови на Училишните матурски комисии, редари, хигеничари) задолжително да носат заштитна маска на денот на испитите, за цело времетраење на истите.
• Учениците согласно утврден распоред влегуваат во училниците во периодот од 9.15 до 10.00 часот.
• Учениците задолжително да носат документ за лична идентификација и прибор за пишување.
• Да се означат влезовите за влез и излез од местото каде што ќе се одржува полагањето, како и патеки за еднонасочно движење, со поставени ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
• Да има организирана редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред влегувањето и внатре во училиштето, и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари за во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
• Да биде организиран просторот во училниците, со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри со присуство на максимум 15 кандидати во една просторија.Задолжително да се врши дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
• Просториите во кои се реализира државната матура, пред почеток на испитите се проветруваат или доколку овозможуваат временските услови се остава отворен прозорец.
• По завршување на полагањето учениците да го напуштат просторот движејќи се по означените насоки на движење.
• Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
• На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
• Освен овој Протокол важи и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, со напомена за строго почитување на пропишаните превентивни мерки.
• Организаторите на полагањето на државната матура ќе сносат полна одговорност за контрола и правилно спроведување на протоколните мерки

Последни Новости

© 2008 Биро за развој на образование , Сите права се задржани.
спонзорирано од United States Agency for International Development