Согласно Календарот за организација на учебната 2024/2025 година во јавните средни училишта (Сл. весник на РСМ, бр. 164/24) екстерните испити од државната матура ќе се реализираат на:
Jунската испитна сесија:
31.05.2025 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература и српски јазик и литература;
11.06.2025 – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика.
Aвгустовска испитна сесија:
12.08.2025– македонски јазик и литература, албански јазик и литература,турски јазик и литература и српски јазик и литература;
14.08.2025– математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика.