Пријавување за полагање на државна матура во учебната 2011/12 година се вржи од 1 до 31 декември 2011 година во училиштата.
Екстерните испити од државната матура во гимназиското, уметничкото и во четиригодишното стручно образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве тремини:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература на 9 јуни 2012 година со почеток во 10 часот;
- математика (основно и напредно ниво), естетика, филозофија, англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик на 12 јуни 2012 година со почеток во 10 часот.