Согласно Уредбата со законска сила за
примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба
(„Службен весник на Република Северна Македонија“ број 76/2020 година) и Насоките
за постапување бр. 08-4147 од 25.03.2020 година донесени од Министерството за
образование и наука, презентацијата и одбраната на проектна задача за државната
матура во јунски испитен рок во 2020 година ќе се реализира преку далечинско
учење.
Термините за одбрана на проектната
задача остануваат исти согласно Календарот
за организација на учебната 2019/2020 година во јавните средни училишта.За
учениците од гимназиското и од средното стручно образование презентацијата и
одбраната на проектната задача се реализира во периодот до 22 април 2020
година, а за учениците од средното уметничко образование до 13 мај 2020 година.