Информација за проектна задача во државна матура 2020/2021 година

News

Согласно Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државната матура во гимназиското, стручното и средното уметничко образование, срeдношколците од четврта година, најдоцна до 30 ноември, 2020 г. треба да пријават тема за изработка на матурска проектна задача. Пријавувањето треба да го направат во своите училишта како и досега.

Изготвена е иновирана испитна програма за проектна задача, како и документот Кои се промените во Испитната програма за проектна задача кои се објавени во делот/табот за Проектна задача.

Држaвниот испитен центар  информира дека годинава поради пандемијата со Ковид-19, испитниот материјал за екстерните испити од државната матура ќе се подготвува според испитните програми, но при тоа ќе се земат предвид скратените наставни програми. Полагањето на државната матура е обврска утврдена со Законот за средно обврзание. 

Последни Новости

© 2008 Биро за развој на образование , Сите права се задржани.
спонзорирано од United States Agency for International Development